24фудбал

Тотнем со пресврт до победа против Арсенал во дербито на Северен Лондон (ВИДЕО)

Тотнем со 2-1 го доби соседското дерби против Арсенал, ривалите одиграа интересен меч со многу шанси за гол, на крајот се радуваше тимот на Мурињо.

Англија

Резултатот беше отворен уште во 16. минута кога Лаказет постигна прекрасен гол за водство на Арсенал од 1-0.

Само три минути подоцна, грешка на Колашинац и Давид Луиз која ја искористи Сон и го изедначи резултатот на 1-1.

Десетина минути подоцна Бен Дејвис имаше одлична шанса да донесе водство за Тотнем, неговата бомба од далечина заврши во пречката од голот на Мартинез.

По 15. минути игра во второто полувреме пречка и за Арсенал, Обамејанг од одлична позиција биеше но конструкцијата на голот беше сојузник на Тотнем.

Во 82. минута гол за домаќините, по центаршут на Сон од корнер, Тоби Алдервирелд погоди со глава за комплетен пресврт и водство од 2-1.

Арсенал се отвори, тргна кон израмнување а Тотнем од контри беше поблиску до поубедлива предност, но Кејн и Сон пропуштија фантастични прилики.

Со оваа победа Тотнем го помина Арсенал на табелата и се искачи на осмата позиција.