24фудбал

Прва победа по четири месеци, Пандев и Шене донесоа три големи бода за Џенова (ВИДЕО)

Џенова конечно се израдува на победа, Пандев и Шене вечерва ги предводеа популарните „Грифоне“ до триумф од 2-0 над СПАЛ.

Италија

Џенова последен пат триумфираше во март, па тимот на нашиот Горан Пандев падна во зоната за испаѓање. Денеска го пречекаа последнопласираниот СПАЛ па ова беше прав момент за прв триумф по четири месеци.

Избраниците на Никола одговорија на предизвкот и на крајот славеа со 2-0. Резултатот го отвори Горан Пандев во 24. минута, Македонецот одлично исконтролира една топка, се намести на шут и со десна ја затресе мрежата за 1-0.

Пред крајот на првиот дел, Фалке промаши пенал, но трите бода ги осигура Шене на стартот од второто полувреме со прекрасен погодок од слободен удар.