24фудбал

Возбудливо реми на Сан Паоло со четири погодока, Елмас одигра половина час против Милан (ВИДЕО)

Наполи и Милан ги поделија бодовите во возбудлив меч со четири погодока, нашиот Елиф Елмас одигра половина час.

Интервју

Без победник на дербити помеѓу Наполи и Милан. Гостите поведоа, домаќините направија целосен пресврт но „росонерите“ со гол од пенал избегнаа пораз.

Резултатот беше отворен во 20. минута, Ребиќ нафрли на подалечната статива а Тео Ернандез погоди за 0-1.

Наполи изедначи во 34. минута од мечот, по еден прекин, Ди Лоренцо се снајде најдобри и рутински ја затресе мрежата за 1-1.

По еден час игра, избраниците на Гатузо направија целосен пресврт. Мертенс биеше, топката закачи еден дефанзивец и мина низ нозете на Донарума за 2-1.

И покрај тоа што Наполи беше подобар противник, една несмасна реакција на Максимовиќ значеше пенал за Милан, а Кеси од белата точка донесе 2-2 во 73. минута од мечот.

Нашиот Елиф Елмас доби половина час, Македонецот се најде во неколку прилики, еднаш беше изблокиран, а вториот пат врз него имаше старт на раб на пенал, но ниту судијата се огласи ниту пак ВАР. Во финишот од мечот изнуди и црвен картон, Салемакерс беше испратен во соблекувална за втор жолт картон.