24фудбал

Гатузо: Не ме прашувајте за пеналот... Им се лутам на моите играчи за една работа

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо не сака да го коментира пеналот со кој Милан стигна до бод на Сан Паоло, и вели дека им се лути на неговите избраници поради тоа што им се потребни многу шанси за да постигнат гол.

Италија

Наполи и Милан одиграа возбудлив натпревар со четири гола. „Росонерите“ поведоа, но во финишот се спасуваа од пораз со удар од белата точка.

За судијата и ВАР немаше дилеми, но секако постојат одредени сомнежи. На Скај Италија имаше голема дебата со оглед на тоа дека Максимовиќ ја удрил топката а потоа и Бонавентура.

„Не ме прашувајте дали беше пенал, нема да ви одговорам, ќе ве оставам сами да процените“ - изјави Џенаро Гатузо по крајот на натпреварт за Скај Италија.

„Што се однсува до играње со рака, на памет не ми паѓа ниту еден играч кој скока или се движи со рацете зад грб. Мислам дека оваа сезона имаме рекорд кога се во прашање пенали за играње со рака и правилата мора да се променат. Оние кои играле фудбал знаат дека морате да ги користите рацете кога скоката. Веќе две години говориме за ова, но ништо не се менува“.

„Им се лутам на моите играчи поради една работа, потребни ни се шест-седум шанси за да постигнеме гол. Не само напаѓачите, туку и крилата и фудбалерите од средниот ред. Креираме многу шанси, но малку од нив реализираме. Мораме да го подобриме овој дел од играта.  Милан имаше малку шанси за гол, а успеа да постигне два погодка“.

За Џенаро Гатуз, ова беше прв натпревар против неговиот Милан.

„Милан ме направи играч, ме направи човек, па ова беше прилично емоционален момент“.