24фудбал

Има еден услов за Хаверц да прифати трансфер во Челси

Каи Хаверц силно се поврзува со трансфер во Челси, но според германскиот весник „Билд“, тој би преминал на Стемфорд Бриџ само доколку сините изборат пласман во Лигата на шампионите.

Англија

Каи Хаверц веќе му соопштил на Баер Леверкузен дека ова лето сака да го напушти германскиот клуб. Има повеќе заинтересирани, но фаворит за неговиот потпис е Челси.

Според „Билд“ на Хаверц важно му е клубот во кој ќе направи трансфер да игра во Лигата на шампионите.

Челси во моментов е на третата позиција на табелата во Премиерлигата но веќе вечер може да биде четврти доколку Манчестер јунајтед го победи Саутемптон. Битката за позициите кои водат во ЛШ е густа.

Денеска ќе се знае дали и петтата позиција во Премиерлигата ќе води во елитното натпреварување. Манчестер Сити ќе дознае дали казната за неиграње во ЛШ ќе му остане или ќе биде укината.