24фудбал

Манчестер Сити ќе игра во Лигата на шампионите следната сезона, забраната им е укината

Судот за спортска арбитража во Лозана им ја тргна забраната на Манчестер Сити за настап во Лигата на шампионите која требаше да биде активна во наредните две сезони.

Англија

УЕФА го казни Манчестер Сити со двегодишна суспензија од европските натпреварувања поради прекршување на финансискиот фер плеј.

Манчестер Сити ја обжали одлуката до Судот за спортска арбитража, и денеска тие ја донесоа одлуката. Судот во Лозана одлучи да ја тргне забраната за настап во Лигата на шампионите за Манчестер Сити.

Тоа значи дека тимот на Пеп Гвардиола ќе настапува во Лигата на шампионите, а петтото место во Премиерлигата на кое се надеваа неколку екипи нема да носи во елитното натпреварување.

Судот за спортска арбитража им ја намали и паричната казна, па наместо 30 милиони евра ќе треба да платат 10 милиони евра.