24фудбал

Кулибали се пожали по ремито со Милан: ВАР мора да ни помогне (ВИДЕО)

Вицепрвакот на Италија има лоша сезона зад себе во Серија А, им претстои дури и тешка битка за излез во Европа идната сезона, а јасно е дека позициите кои водат во Лигата на шампионите се речиси недостижни за нив.

Италија

Дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали тврди се сомнева во исправноста на одлуката за пенал на Милан во синоќешното дерби помеѓу обата клуба кое заврши со поделба на бодовите и резултат 2-2.

Франк Кеси беше сигурниот реализатор од белата точка откако Бонавентура изнуди пенал, меѓутоа доста спорна беше оваа ситуација, на што реагира и самиот Кулибали.


спорната ситуација на 2,50

За момент сесе случи брзо, меѓутоа тоа не изгледаше на пенал, потоа, кога отидов во соблекувалната велеа дека е пенал, но, генерално можевме да се одбраниме подобро во таа ситуација“ рече Кулибали во изјавата за „Скај Спорт Италија“.

Мораме да бидеме внимателни, фудбалот е спорт кој се игра со многу контакти, а кога не можете да сторите ништо во тој дел од теренот, станува комплицирано, ВАР мора да ни помогне, сметам дека ќе биде подобро со текот на времето“ додаде стоперот.