24фудбал

Вилијан го одби Бекам, уште му се игра во Европа

Фудбалерот на Челси одби богат договор од Интер Мајами бидејќи уште сака да игра во Европа.

Англија

Интер Мајами каде ко-сопственик е Дејвид Бекам, му понудил на Вилијан богат тригодишен договор.

Но според „Телеграф“, 31-годишниот фудбалер го одбил бидејќи сакал уште да игра во Европа.

Договорот на Вилијан со Челси истекува по крајот на оваа сезона и се уште не е познато кој ќе биде неговиот нов клуб. 

Интерес за него има и од Тотнем, тој беше еден од омилените играчи на Жозе Мурињо во Челси.