24фудбал

Првиот човек на Барса откри колку клубот ќе загуби поради коронавирусот и проговори за Меси, Лаутаро, Нејмар и Чави

Жозеп Мариа Бартомеу вели дека поради коронавирус кризата ќе имаат помалку приходи од околу 200 милиони евра, претседателот на Барселона исто така порача дека Лео Меси останува на Камп Ноу.

Шпанија

Првиот човек на Барса имаше интервју за ТВ3 во кое говореше за теми кои се актуелни изминатиов период.

„Поради ковид-19 останавме без приходи од 200 милиони евра, па летово ќе биде тешко, ќе бидеме лимитирани од економски аспект, но не само ние, сите го имаат истиот проблем“ – вели Жозеп Мариа Бартомеу.

„Преговорите за Лаутаро Мартинез се стопирани, последен пат имавме контакт со Интер пред неколку недели. Сега сме во фаза на анализа, ќе почекаме да заврши сезоната, потоа ќе ги одредиме приоритетите“.

„Што се однесува до Нејмар, мислам дека ПСЖ летово нема да стави ниту еден играч на продажба и Нејмар е фудбалер на ПСЖ“.

За гласините за можно заминување на Лео Меси, тој одговара: „Немам никаков сомнеж дека Меси ќе продолжи тука, сака да се пензионира во Барселона. Разговаравме за нов договор, разговараме и ќе продолжиме да разговараме па убеден сум дека ќе стави потпис на нов договор“.

Столчето на Сетиен виси во воздух откако Барселона му ја препушти трката за титулата на Реал Мадрид, се најавува негово заминување и пристигнување на легендата Чави.

„Порано или подоцна, Чави ќе биде тренер на Барселона. Се подготвува за ваков предизвик, сака да го стори тоа. Тој е човек од клубот, се работи за наша легенда а не било кој. Но во моментов не бараме нов тренер, имаме доверба во Сетиен“.