24фудбал

Милан се израдува на победата на Реал Сосиедад против Виљареал, ќе „лапне“ дваесетина милиони евра

Реал Сосиедад вечерва славеше со 1-2 на гостувањето кај Милан, резултатот носи добри вести и за Милан кој ќе добие дваесетина милиони евра од продажба на Сусо во Севиља.

Италија

На две кола до крајот на Ла Лига решен е топ 4 пласманот и местата кои носат настап во Лигата на шампиони. Реал Сосиедад со 1-2 победи на гостувањето кај Виљареал, резултат кој значеше дека Севиља и математички го освои четвртото место.

Триумфот е добра вест и за Милан и на „росонерите“ ќе им донесе дваесетина милиони.

Клубот од Сан Сиро, во јануари го испрати Сусо на позајмица во Севиља а клубот од Андалузија превзеде обврска во целост да го купи играчот доколку обезбеди учество во Лигата на шампионите.

Севиља сега има загарантиран настап во најелитното европско натпреварување, па на Милан ќе треба да му плати помеѓу 20 и 24 милиони евра. За „росонерите“ оваа зделка ќе донесе убава заработка со оглед на тоа дека тие платија минимално обесштетување за Шпанецот во 2015.