24фудбал

Бејл се глупираше и против Гранада, медиумите од Шпанија имаат теорија за срамното однесување (ФОТО)

Камерите одново го уловија Герет Бејл како се глупира на клупата на Реал Мадрид, вечерва против Гранада, Велшанецот си правеше двоглед.

Шпанија

Герет Бејл повторно е во фокусот. Откако против Алавес заштитната маска ја стави преку очи и малку дремна на трибините, вечерва против Гранада правеше двоглед.

Медиумите од Шпанија имаат теорија за ваквото срамно однесување на Велшанецот и велат дека напаѓачот намерно прави глупости за да го изнервира Флорентино Перез и да го натера претседателот на Реал да му ги исплати последните две години од договорт и потоа тој слободно да си одбере друг клуб.

Герет Бејл е најплатен на „Бернабеу“ со примања од околу 17 милиони евра и тешко дека некој друг клуб од Европа може да му понуди вакви услови, па затоа тој не беше премнгогу желен да замине од Мадрид минатото лето.