24фудбал

Хандановиќ му подари гол на Белоти, Интер за 15 минути направи пресврт (ВИДЕО)

Интер скокна на позицијата број два на табелата откако вечерва со 3-1 славеше над Торино, „нероаѕурите“ за 15 минути во продолжението од мечот направија целосен пресврт.

Италија

По двата кикса против Болоња и Верона, Интер им се врати на победите, вечерва дома со 3-1 ја доби пресметката со Торино.

Мечот не почна добро за „нероаѕурите“, Хандановиќ испушти една топка и му подари гол на Белоти за водство од 0-1.

Сепак, избраниците на Конте заиграа далеку подобро во продолжението и за 15 минути направија целосен пресврт.

Најпрво Мартинез спушти една топка за Ешли Јанг, кој силно биеше за 1-1. Неколку минути подоцна, Санчез врати топка во петерецот а Годин со глава донесе предност од 2-1. По еден час игра, Лаутаро Мартинез со многу среќа ја затресе мрежата на Торино за 3-1.