24фудбал

Девет од девет: Реал ја „преслуша“ и Гранада, „кралевите“ се на една победа до титула! (ВИДЕО)

Реал Мадрид славеше со 1-2 на гостувањето кај Гранада за девет од девет по ре-стартот на сезоната, „кралевите“ сега се на само една победа до титулата.

Шпанија

Титулата од Ла Лига е на дофат, Реал Мадрид го дели една победа од трофејот во Ла Лига, работа ќе завршат и две ремија во последните две кола. Вечерва со 1-2 беше совладана Гранада за нов исчекор кон шампионско славје.

„Кралевите“ одлично го отворија мечот и по петнаесетина минути имаа два гола предност. Најпрво Менди од мртов агол биеше силно под пречката за 0-1, а потоа Бензема убаво пласираше за 0-2.

Гранада се врати во игра на стартот од вториот дел, Касемиро загуби топка на средината од теренот, домаќините тргнаа во контра а Мачис реализираше за 1-2.

Сепак тоа беше се што сторија фудбалерите на Мартинез, во финишот имаа две големи шанси, најпрво Куртоа одбрани а потоа Рамос расчисти од гол линијата и се погржи Реал Мадрид да има девет од девет по рестартот на сезоната.