24фудбал

Солшер: Таков е фудбалот... И ние имаме победувано со вакви доцни голови

Оле Гунар Солшер вели дека Манчестер јунајтед не ги заслужил трите бода откако „ѓаволите“ беа шокирани во 96. минута и одиграа само 2-2 против Саутемптон.

Англија

Манчестер јунајтед пропушти голема шанса да се искачи на позицијата број три, во последните мигови прими гол и одигра 2-2 против Саутемптон.

„Таков е фудбалот. Најлошо е кога ќе примите гол толку доцна, но се случуваат вакви работи. Треба да останеме силни и да се помириме, самите ние имаме победено многу пати на ваков начин. Ова e дел од процесот на учење, мислевме дека ги имаме трите бода, но останавме разочарани. Сепак, мислам дека и не ги заслуживме трите бода. Саутемптон одигра навистина добро а ние тешко влегувавме во ритам“ - рече Оле Гунар Солшер по крајот на натпреварот.