24фудбал

Сити ја победи УЕФА и ги подготви милионите, Гвардиола носи четири засилувања за супер тим

Медиумите од Англија шпекулираат дека Манчестер Сити летоска ќе инвестира стотици милиони во нови фудбалери, приоритет се засилувања за дефанзивата, офанзивен фудбалер од средниот ред и нов напаѓач.

Англија

„Граѓаните“ ризикуваа да останат без 200 милиони фунти поради забраната за настап во Европа од две години, но имаа успешна жалба пред Судот за спортска арбитража, издвојуваа голема битка против УЕФА и следната сезона ќе играат во Лигата на шампиони.

Па летоска ќе бидат инвестирани стотици милиони фунти во нови фудбалери. Приоритет е засилување на одбраната, прва желба е Калиду Кулибали од Наполи а на радот се и Рубен Диаш од Бенфика и Пау Торес од Виљареал.

Нов лев бек исто така е високо на агендата, Пеп Гвардиола ќе го убедува Даивд Алаба од Баерн Минхен да му се придружи на Етихад.

Ќе се бара и и нов офанзивен фудбалер од средниот ред со оглед на тоа дека Лерој Сане е продаден на Баерн Минехн а Давид Силва го напушта клубот по истекот на договорот. Неколку имиња се во игра како Ферен Торес од Валенсија, Каи Хаверц од Баер Леверкузен и неговиот соиграч Лион Бејли.

Кун Агуеро е на залезот од кариерата, па се размислува и за ангажман на негово замена. На врвот од листата со желби е Лаутаро Мартинез од Интер, кој со месеци се поврзува со преселба во Барселона, но никако двата клуба да пронајдат договор за висината на трансферот.