24фудбал

„24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“: Норич може да настрада кај Челси

Со вечерашниот дуел помеѓу Челси и Норич започнуваат возбудувањата во редовното 36 коло во англиската Премиерлига, а оваа рунда натпревари завршува во петок со дуелот помеѓу Вест Хем и Ватфорд.

Останато

Добредојдовте во најновото издание на едицијата „24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“ како помошна алатка за сите натпреварувачи од нашата земја во мега популарната игра која ја играат над седум милиони натпреварувачи ширум светот, од кои над седум илјади се од нашата земја.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Веќе две кола во низа за жал не успеваме да го постигнеме просекот на освоени бода во едно коло, нашата понуда освои 32 бода во коло каде просекот на освоени бода изнесуваше 42, меѓутоа нема за што да жалиме од причина што и сами наведовме дека во претходната анализа сакавме да понудиме нешто сосема различно од претходно каде имавме навистина корисни совети кои носеа одлични резултати.

Претходната анализа: „24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“: Мане со наполнети батерии влегува во пресметката со Барнли

Како и да е, 35 коло во Премиерлигата мина низ големи изненадувања, првично Саутемптон му откина два бода на неверојатниот Манчестер јунајтед и тоа на негов терен, со гол во речиси последните секунди од мечот, од останатите средби ќе мора да го наведеме и оној помеѓу Борнмут и Лестер, каде домаќините иако апсолутен аутсајдер и речиси испаднат од елитното друштво на Островот, со пресврт дојде до убедливи 4-1.

Не можеме а да не го споменеме неверојатниот Михаил Антонио од Вест Хем кој ги постигна сите четири погодоци во гостинската победа на Вест Хем кај Норич, а фудбалерот кој иако се води на играта како играч од средниот ред, а настапува како централен напаѓач, колото го затвори со неверојатни 26 бода, со што стана играч на колото.

Во воведниот дел во пресрет на селекцијата секако традиционално ќе обрнеме внимание на актуелната ситуација во поглед на трансферите, особено интересна е ситуацијата кај листата на најпродавани фудбалери, од кого најмногу се откажуваат натпреварувачите за претстојното коло.


Во однос на најкупуваните фудбалери, прв на листата, и тоа убедливо е ѕвездата на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг кој во победата кај Брајтон од 0-5 запиша хет-трик, а ова коло на домашен терен „Граѓаните“ на домашен терен го пречекуваат Борнмут, па сосема јасна е оваа ситуација.

Од останатите, место на оваа листа има за напаѓачот на Саутемптон, Дени Ингс, како и првиот централен напаѓач на Манчестер Сити, а воедно и единствен во составот на Пеп Гвардиола со оглед на повредата на Серхио Агуеро, Габриел Жесус.

Како што претходно споменавме, интересна е ситуацијата на онаа другата листа, најпродаван фудбалер е стоперот на Лестер, Чаглар Сојунџу, кој заработи исклучување на мечот кај Борнмут, а по него следат Мохамед Салах од Ливерпул, фудбалерот кој најголемиот број натпреварувачи му ја доверија капитентската лента претходното коло, како и неговиот соиграч Садио Мане.

На оваа листа веројатно изненадува фактот што се најде напаѓачот на Вулверхемптон, Раул Хименез кој освен што постигна гол во убедливата победа против Евертон (3-0), притоа доби и два бода бонус за својот ангажман во победата.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Доколку постои однапред добиена победа, барем на хартија за ова коло, тоа е Челси кој на свој терен го пречекува веќе испаднатиот Норич кој сигурно сака брзо да ја заборави катастрофалната сезона зад себе, па од таа причина на голманската позиција би го селектирале Кепа Аризабалага (5.4), иако, имаме на ум за огромните проблеми во дефанзивната линија на „Сините“ од Лондон кои во последните два меча примија неверојатни шест гола во сопствената мрежа.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Доколку го проследите подобро распоредот, има стеснат избор за одбраната, меѓутоа ќе започнеме со Мет Доерти (6.5) од Вулверхемптон, практично тој е фудбалер кој се води како одбранбен меѓутоа во реалноста настапува како десно крило во средниот ред. Вулверхемптон гостува кај Барнли, а обете екипи играат фудбал кој не секогаш изобилува со многу голови.

Иако под доза на сомневање, сепак би го селектирале и Арон Ван-Бисака (5.5) од Манчестер јунајтед, кој по шокот на домашен терен во последните секунди од пресметката со Саутемптон (2-2), нема друг избор на гостувањето кај Кристал Палас, а Ван-Бисака е особено важен во составот на Оле Гунар Солшер кој придонесува и во нападот, би го селектирале и покрај фактот што пред себе за противник ќе го има неверојатниот Вилфред Заха, кој важи за исклучително добар дриблер.

Иако Челси има огромна дупка во дефанзивната линија која често знае да подари голови на противниците, фактот што Цесар Аспиликуета (6.1) пред себе ќе има лесен противник како Норич, сеосвен клин-шит за домаќините би било рамно на изненадување.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Кристијан Пулишиќ (7.3) од Челси пред себе ќе има одбрана како „швајцарско сирење“ ова коло, Американецот всушност настапува во нападот, а се води како играч од средниот ред што отвора голема можност за повеќе бодови, а добра опција воедно би бил и неговиот соиграч Вилијан.

Фактот што е седми фудбалер по најмногу освоени бода во поглед на фудбалерите од средниот ред досега сезонава, Ентони Марсијал (8.4) од Манчестер јунајтед веројатно е фудбалер кој едноставно морате да го имате како опција за ова коло, Французинот од самиот рестарт па наваму запиша пет погодоци, а воедно на истите придодаде и четири асистенции. Гостувањето кај Кристал Палас е нова можност за неверојатниот Марсијал кој има сезона за паметење зад себе.

Велат дека кога Сон (9.6) од Тотнем ќе проработи, тогаш Кореецот носи многу бодови на своето конто, но и победи за својот тим, така беше и претходното коло во градското дерби против Арсенал (2-1), каде постигна гол и асистенција, со што сосема заслужено беше играч на мечот, ова коло Тотнем гостува кај Њукасл, а на гостинот ќе му биде и повеќе од потребна победа во битката за излез во Европа идната сезона.

Добро би било натпреварувачите да размислат за Михаил Антонио (7) од Вест Хем, кој ги постигна сите четири погодоци во убедливата победа на својот тим кај Норич претходното коло, со тоа што беше играч на колото, а претстојното на домашен терен против себе ќе го има Вотфорд, во дуел кој ќе биде од исклучителна важност за обете екипи во финалната битка за опстанок во елитното фудбалско друштво на Островот.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Маркус Рашфорд (9) од Манчестер јунајтед успеа да постигне гол синоќа, а сега пред себе ќе го има Кристал Палас, има одлична соработка со својот соиграч од нападот Марсијал, па очекуваме добро издание на Рашфорд ова коло.

Џејми Варди (9.8) му е повеќе од потребен на Лестер за ова коло, „Лисиците“ на домашен терен го пречекуваат незгодниот Шефилд Јунајтед, а се спасија, барем засега во битката за топ четирите позиции поради ремито на Манчестер јунајтед кое беше големо изненадување, составот на Брендон Роџерс ќе мора да се поправи по дебаклот кај Борнмут, а нема дилеми од кого ќе има најголеми очекувања во таборот на домаќините.

Иако постоеше дилема кај нас за Пјер-Емерик Обамејанг од Арсенал кој со својот тим на домашен терен го пречекува Ливерпул, а „Топчиите“ ќе мораат до крајот на сезоната да атакуваат на позициите за излез во Европа идната сезона, сепак, фактот што Манчестер Сити на домашен терен го пречекува Борнмут, а Габриел Жесус (9.8) е единствениот избор на Пеп Гвардиола за централен напаѓач, ни дава со право идеја да го селектираме Бразилецот, иако, имајте во предвид дека Пеп е мошне добро познат по големите ротации кои постојано ги прави, па имајте го тоа на ум.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe


Предлог-состав: КЕПА (5.4) / ДОЕРТИ (6.5), ВАН-БИСАКА (5.5), АСПИЛИКУЕТА (6.1) / ПУЛИШИЌ (7.3), МАРСИЈАЛ (8.4), СОН (9.6), АНТОНИО (7) / РАШФОРД (9), ВАРДИ (9.8), ЖЕСУС (9.8)

Капитен: ПУЛИШИЌ

Заменик-капитен: Марсијал

 

За крај на оваа анализа, ќе завршиме со актуелните случувања на табелите во лигата на „Македонија“, како и онаа на „24фудбал“.

Во генералниот пласман каде се сите натпреварувачи од нашата земја, лидер е извесен Том Клејтон кој досега освои 2235 бода, имате можност да се запознаете со неговиот избор.


Во однос на табелата во лигата на „24фудбал“, лидер е Бојан Јовановиќ со досега освоени 2200 бода, имате можност да го проследите и неговиот избор.


Среќно до сите натпреварувачи, не заборавајте да се приклучите во лигата на „24фудбал“, кодот е следен: ah7lqe