24фудбал

Се пеглаат последните детали, Наполи за 48 часа реализира историски трансфер вреден 81 милион евра!

За медиумите од Италија нема дилема, Виктор Осимен е ново засилување за Наполи, се пеглаат последните детали и Нигериецот до четврток треба да го комплетира рекордниот трансфер вреден 81 милион евра.

Италија

21 годишниот Виктор Осимен ќе стане најскапото засилување во историјата на Наполи.

Спортскиот директор на „наполитанците“, Кристијано Џунтоли синоќа имал средба со претседателот на Лил, Жерар Лопез и луѓе блиски до Виктор Осимен и бил направен клучен исчекор кон комплетирање на зделката.

Денеска ќе се испеглаат сите детали и се очекува во следните 48 часа да бидат комплетирани медицинските тестови и сите формалности, односно Виктор Осимен да стави потпис на договорот.

Извештаите велат дека Наполи ќе плати рекордни 81 милион евра (најверојатно ќе биде 50 милиони евра плус услугите на Адам Оунас) а Виктор Осимен ќе добие плата од 5 милиони евра, што е значително повисоко од сегашните 800.000 евра кои ги заработува во Лил.

На средбата се разговарало за уште еден играч, дефанзивецот Габриел Магељаес. Се верува дека Наполи е многу блиску и до потписот на Бразилецот во трансфер вреден 22 милиони евра, плус уште неколку додатни милиони во бонуси.