24фудбал

Суарез го врбува Лаутаро Мартинез да дојде во Барселона

Луис Суарез вели дека Лаутаро Мартинез ќе има топло добредојде во Барселона и тие ќе му помогнат да се адаптира побрзо во тимот.

Шпанија

Лаутаро Мартинез продолжува да се поврзува со Барселона иако каталонскиот клуб не ја активираше откупната клаузула која веќе помина.

Се верува дека Барса подготвува понуда од 70 милиони евра плус левиот бек Жуниор Фирпо.

Иако се верува дека со доаѓањето на Лаутаро, позицијата на Суарез ќе биде загрозена, тој има само убави зборови за Аргентинецот.

„Лаутаро е навистина одличен фудбалер. Игра на многу високо ниво во Интер“, вели Суарез за „Спорт“.

„Не е лесно да направите трансфер од Аргентина во Италија и да играте веднаш на тоа ниво, италијанската лига е тешка“.

„Тој е млад и ние ќе се обидеме да му помогнеме доколку дојде во Барса. Ќе се обидеме да му помогнеме да се адаптира и да се почувствува комфорно“.