24фудбал

Гасперини: Тоа што му се случи на Муриел воопшто не беше наивно, можеше да умре... за среќа има цврста глава

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини вели дека падот на Луис Муриел воопшто не бил наивен, напаѓачот убаво си ја расцепил главата и можел да умре.

Италија

Во вторникот, Кулмбиецот паднал во својот дом, ја удрил главата и веднаш бил пренесен во болница. За среќа сите тестови биле негативни и напаѓачот поминал со неколку конци.

Луис Муриел не беше во комбинација за синоќешната победа од 6-2 над Бреша, но ќе се врати во тимот на Аталанта овој викенд.

„Мурел имаше среќа. Се лизнал наназад и си ја расцепил главата, воопшто не било наивно, ударот бил прилично силен. Можеше да помине многу полошо, можеше да умре...“ - вели Џан Пјеро Гасперини.

„За среќа има цврста глава“ - додава на шега тренерот на Аталанта.