24фудбал

Официјално: Милан го откупи Симон Кјаер

Милан го комплетираше ангажманот на Симон Кјаер од Севиља за сума од 3,5 милиони евра.

Италија

Милан потврди дека Кјаер кој играше на позајмица од Севиља, сега е комплетно откупен.

„Милан со задоволство може да соопшти дека ја искористи опцијата да го откупи Симон Кјаер на перманентна основа од Севиља, Данецот потпиша договор до 30 јуни 2022 година“, стои во соопштението на Милан.

31-годишниот дефанзивец во јануари пристигна на позајмица од Севиља како замена за Матија Калдара кој се врати во Аталанта.

Тој одигра 13 меча за росонерите во сите натпреварувања и стана партнер во дефанзивата на Алесио Ромањоли.

Милан одлучи комплетно да го откупи неговиот договор, тоа ги чинеше 3,5 милиони евра.

За истата сума Милан претходно го откупи и договорот на Алекис Салемакерс од Андерлехт, тој стави потпис на договор до јуни 2024.