24фудбал

Нов испад на сопственикот на Веленсија, на продажба ги стави сите фудбалери... недопирливи се само двајца

Бизнисменот Питер Лим сака да започне од нула па решил на продажба да ги стави сите фудбалери на Валенсија, недопирливи се само двајца, Хозе Луис Гаја и Карлос Солер.

Шпанија

Милијардерот од Сингапур во 2014 ја купи Валенсија со посредствто на суперагентот Жорж Мендеш и се најавуваа посветли денови за клубот од Местаља.

Но популарните „лилјаци“ продолжија со падови и подеми, оваа сезона е прилично турбулентна, беа сменети двајца тренери и веројатно нема да биде изборен настап во Европа.

Ќе мора да се кратат трошоците па Питер Лим сака да започне од нула и според пишувањата на медиумите од Шпанија, веќе бил контактирани агентите на многу фудбалери и биле известени дека треба да им бараат нов клубови на своите клиент.

Според пишувањата на СЕР, Питер Лим решил на продажба да ги стави сите фудбалери, освен двајца. 

Недопирливи се само Хозе Луис Гаја и Карлос Солер, а за сите други, доколку пристигне примамлива понуда ќе следува разделба.