24фудбал

Жиру откри што се крие зад начинот на кој го прослави голот против Норич (ВИДЕО)

Францускиот напаѓач е одлично решение за Френк Лампард по рестартот на сезоната во Премиерлигата, а тој во голема мера придонесе „Сините“ од Лондон да останат на посакуваната позиција која идната сезона води во Лигата на шампионите.

Англија

Челси на одличен начин го реши прашањето со Оливие Жиру кој подолг период се шпекулираше дека ќе си замине од Лондон, воедно и самиот клуб не се противеше на тоа, меѓутоа на крајот обете страни пронајдоа заеднички јазик да продолжат и понатаму заедно, а таквата одлука донесе бенефит за двете страни.

Жиру синоќа го постигна единствениот гол во победата на Челси на домашен терен против веќе испаднатиот од Премиерлигата, Норич, а при прославата на погодокот имаше една интересна реакција која многумина се запрашаа каква причина се крие зад сето тоа.

Играм скребл со НГоло Канте, тоа е причината за таквата прослава на голот“ рече Жиру по мечот, наведувајќи дека со својот сонародник се натпреваруваат на таа друштвена игра во која од поединечни букви треба да составите цели зборови, а колку повешт составувач, односно покомплексен збор, толку повеќе поени.