24фудбал

Тивка војна помеѓу Арсенал и Озил, клубот објави дека е повреден, а тој нешто сосема друго (ФОТО)

Најплатениот фудбалер на Арсенал и повеќе од сигурно е дека се наоѓа на излезна врата од клубот, меѓутоа останува голема дилемата околу тоа дали би имало заинтересирани страни за потписот на плејмејкерот чиј договор со Премиерлигашот истекува идното лето.

Англија

Големи беа очекувањата дека ситуацијата со Месут Озил во Арсенал е на прагот да биде и дефинитивно решена, откако плејмејкерот до прекинот на сезоната беше прв избор кај Микел Артета, меѓутоа по самиот рестарт на сезоната се чини дека работите излегоа од контрола, а причините засега се непознати.

Во последните седум меча по рестартот на сезоната во Премиерлигата, Озил нема минато ниту една минута на терените, а дека има некаква тивка војна во клубот со 31 годишниот фудбалер, доволно говори и фактот што од клубот објавија дека тој е повреден во пресрет на вечерашната дерби пресметка со Ливерпул на домашен терен, но, веројатно е дека нема ништо од тоа.

Озил се одзва на социјалните мрежи, демантирајќи било каква повреда, со коментарот „Јас сум подготвен“, дополнително креирајќи слика дека бил инволвиран во тренинзите со „Топчиите“.