24фудбал

Прашањата за Бејл го налутија Зидан: Мајко моја...

Зинедин Зидан се налути на денешната пресконференција, тренерот на Реал Мадрид го повиши гласот поради прашањата за иднината на Герет Бејл.

Шпанија

Велшанецот изминативе денови привлече внимание откако се глупираше на последните два натпревари, против Алавес ја стави заштитната маска преку очи и „дремна“ на трибините, а против Гранада си правеше двоглед.

Па на денешната прес конференција, Зинедин Зидан беше запрашан дали е најдобро Герет Бејл да замине летоска.

„Мајко моја... пак овие прашања“ - одговори Зинедин Зидан со повишен тон и видно налутен.

„Мислиме само на утрешниот натпревар, тоа важи и за Бејл. Тој е еден од нас. Продолжувате да имплицирате одредени работи, да ми ставите зборови во уста но нема да успеете. Сите сме обединети, на ум имаме една иста работа. Тоа важи за Бејл, за Хамес за сите“.