24фудбал

Сериозно засилување, Струга ТЛ потпиша со Алтипармаковски

Струга Трим Лум потврди дека Маријан Алтипармаковски е нивно ново засилување за следната сезона.

Македонија

Струшниот прволигаш сериозно работи во летниот преоден рок, а нивно ново засилување е 28-годишниот Маријан Алтипармаковски кој доаѓа од бугарски Пирин.

Тој е поранешен младински репрезентативец на Македонија, а во својата кариера играл за Пелистер, Работнички, Ксанти, Панилиакос, Интер Запрешиќ, Судова, Сараево и Лачи.

Покрај Алтипармаковски, Струга ТЛ кој во следната сезона ќе биде предводен од Срѓан Захариевски, се засили и со Меџиновиќ, Рамадани, Мирселоски и Ристевски.