24фудбал

Милан ја продолжи добрата форма, Наполи и Елмас одиграа само реми кај Болоња (ВИДЕО)

Милан со пресврт дојде до триумф од 3-1 против Парма, Наполи и Болоња одиграа 1-1 во меч во кој Елиф Елмас беше стартер.

Италија

По победите над Лацио и Јувентус и ремито со Наполи, Милан дојде до уште еден одличен резултат во битката за места во Европа, овој пат росонерите со пресврт во второто полувреме дојде до триумф над Парма од 3-1.

Парма дојде во водство со гол на Куртиќ пред крајот на првото полувреме, Кеси по десет минути игра во вториот дел го изедначи резултатот.

Ромањоли во 59. минута погоди за пресврт и водство на Милан од 2-1, а Чалханоглу на десетина минути пред крајот погоди за конечни 3-1.

Елмас беше стартер на мечот меѓу Болоња и Наполи кој заврши 1-1. Нашиот репрезентативец во игра беше до 69. минута кога неговиот клуб се уште имаше водство.

Наполи поведе со гол на Манолас во седмата минута, Бароу изедначи на десет минути пред крајот.

Сампдорија со 3-0 го победи Каљари.