24фудбал

Арсенал шутна два пати и го победи Ливерпул, Ван Дајк и Алисон им подарија три бода на „топчиите“ (ВИДЕО)

Арсенал со 2-1 го совлада Ливерпул на Емирати, „топчиите“ два пати шутнаа во рамките на голот и два пати погодија, на триумфот кумуваа грешки на Вирџил ван Дајк и Алисон Бекер.

Англија

Чуден натпревар на Емирати, Арсенал два пати шутна кон голот на Ливерпул и постигна два гола за триумф од 2-1. Гостите беа тие кои го отворија резултатот, по една одлична акциjа, Мане рутински реализираше за 0-1.

Но потоа следуваше една лоша вратена топка на Вирџил ван Дајк, па Лаказет изедначи на 1-1. Во финишот на првиот дел, киксираше и голманот Бекер, а Нелсон погоди за 2-1.

Избраниците на Клоп се обидува да се вратат во вториот дел, мечот го завршија со 24 удари, од кои 8 во рамките од голот, но не успеаја по втор пат да ја затресат мрежата на Арсенал.