24фудбал

Луд натпревар на Мапеи, Јуве водеше со 0-2, па прими три гола и се спасуваше од пораз (ВИДЕО)

Сасуоло и Јувентус одиграа возбудлив натпревар со шест погодока, домаќините се вратија од два гола негатива но „старата дама“ не дозволи изненадување, Лацио одигра само 0-0 против Удинезе, Рома со 2-1 ја совлада Верона.

Италија

По ремито со Аталанта, Јувентус вечерва одигра нерешено и со Сасуоло. За разлика од мечот против „нероаѕурите“ од Бергамо, избраниците на Сари сега одлично го отворија мечот, поведоа со голот на Данило во 5. минута, а веќе во 12. минута имаа предност од 0-2 со погодокот на Алекс Сандро.

Сепак, Сасуоло не се предаде, домаќините намалија по половина час игра, Ѓуриќиќ го совлада Шчесни за 1-2. На стартот од вториот дел, Берарди изедначи на 2-2 а 180 секунди подоцна, Капуто донесе 3-2 и пресврт.

Сепак, десет минути подоцна, Алекс Сандро реализираше за 3-3. До крајот на мечот, двете екипи имаа шанси да ги однесат трите бода, но мрежите мируваа.

Лацио направи нов кикс и одигра само 0-0 против Удинезе, Рома со 2-1 ја совлада Верона, а Фиорентина со 1-3 славеше на гостувањето кај Лече.