24фудбал

Гвардиола е на прагот да договори засилување и замена за Сане, сметките му ги мати Јувентус

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Манчестер Сити е многу блиску до договор со Феран Торес од Валенсија, 20 годишниот фудбалер треба да биде замена за Лерој Сане.

Англија

Најталентираниот фудбалер од школата на Валенсија во последните неколку години, и еден од најперспективните шпански фудбалери, Феран Торес е идентификуван од Пеп Гвардиола како ново засилување за Манчестер Сити и наследник на Лерој Сане.

Според пишувањата на Еуроспорт, агентот на Феран Торес денеска имал средба со преставници на „граѓаните“ и паднал договор за личните услолви на 20 годишниот фудбалер.

Сега останува Манчестер Сити да пронајде договор со Валенсија за висината на обесштетувањето.

Според пишувањата на АС, изминативе денови имало серија средби и преговорите се во напредна фаза, но конечен договор не е постигнат. Весникот вели дека Феран Торес сака да ја заврши сезоната и потоа да седне со своето семејство и агентите и да одлучи за следниот чекор во кариерата.

За неговите услуги има голем интерес, а според АС, играчот има многу важна понуда од Јувентус и „старата дама“ може да му ги помати сметките на Пеп Гвардиола.