24фудбал

Ван Дајк: Направив грешка, ја преземам вината за тоа (ВИДЕО)

Ван Дајк и Алисон „кумуваа“ на победата на Арсенал над големиот фаворит кој имаше апсолутна доминација на дербито, за што доволно говори и статистиката од самиот меч.

Англија

Стоперот на новиот првак во Премиерлигата, Ливерпул, Вирџил ван Дајк ја прифати вината во поразот на својот тим на гостувањето кај Арсенал синоќа, иако фаворитот имаше апсолутна доминација на дербито, забележа пораз, и тоа најмногу поради киксовите на Ван Дајк и голманот Алисон.

Со синоќешниот пораз Ливерпул и дефинитивно нема да биде во можност да запише 100 бода оваа сезона, а со тоа да го надмине рекордот на Манчестер Сити, а Ван Дајк сигурно посакува што е можно побрзо да го заборави дербито на „Емирејтс“.

Тоа беше подарок, седо нивниот прв гол, себеше на наша страна, им подаривме два гола, ништо немаше погрешно, игравме одлично, постојано притискавме, постигнавме фантастичен гол“ рече Ван Дајк по мечот.

Направив грешка, ја преземам вината за тоа, ја преземам како маж, а ние мораме да продолжиме понатаму“ додаде холандскиот стопер.

Ван Дајк за момент стана мета на потсмев на социјалните мрежи, ова не е прва грешка на стоперот на Ливерпул кој си ја призна вината во поразот на неговиот тим кај Арсенал.