24фудбал

Погба ќе потпише петгодишен договор со Манчестер јунајтед?

27 годишниот фудбалер на одличен начин се врати на терените откако се рехабилитираше од повредата, а добрата соработка со големото засилување во тимот, Фернандеш, се чини дополнително придонесоа веројатно да остане на подолг рок на „Олд Трафорд“.

Англија

Според информациите кои ги објави „Сан“, ѕвездата на Манчестер јунајтед, Пол Погба наводно е пред потпис на нов, петгодишен договор со клубот од „Олд Трафорд“, актуелниот му истекува идното лето, но во истиот има и опција за дополнителни 12 месеци.

Ланското лето Погба беше на прагот да си замине од редовите на „Црвените ѓаволи“, а постоеше голем интерес за неговите услуги од неговиот поранешен клуб Јувентус, како и Реал Мадрид, каде особено желба за соработка имаше Зинедин Зидан.

Како и да е, „Сан“ известува дека откако Французинот се врати на терените, а воедно се рехабилитираше од повредата, наводно го импресионирал својот тренер Оле Гунар Солшер, дополнително и по одличната соработка со големото засилување Бруно Фернандеш, па очекувањата се Французинот до крајот на актуелната сезона да ја продолжи верноста со Премиерлигашот.