24фудбал

Сари на моменти чувствувал голем потенцијал во тимот, а понекогаш останувал збунет

И повеќе од веројатно е дека се „крчка“ отказ за искусниот фудбалски стратег кој никако не успева да ги склопи коцките во редовите на „Старата дама“, која иако е пред нова титула во Италија, очигледно е дека заостанува доминацијата во играта.

Италија

Сасуоло знае да биде доста незгоден противник на фаворитите, а тоа го искуси и Јувентус, кој синоќа иако имаше водство од 0-2 на гостувањето, домаќинот потоа направи пресврт, за на крајот „Старата дама“ да се спасува со бод.

Нема никакви дилеми дека шефот на стручниот штаб на италијанскиот првак, Маурицио Сари е мета на големи критики, пред секај навивачите на клубот кои се делумно разочарани од начинот на кој тимот функционира на теренот.

Ремито и огромниот пад на игра на гостувањето кај Сасуоло повторно ја доведе во прашање функционалноста на идеите на Сари, а тој вели дека недостасува конзистентност во неговиот тим, односно, истиот игра топло-ладно.

Секој тренер посакува и очекува конзистентност од својот тим, тоа е нешто со што се соочуваме, како од физички, така и од ментална природа, имавме некои навистина добри моменти во натпреварите, а во некои имавме пасивност која е навистина тешко и комплицирано да се разбере“ рече Сари по синоќешниот меч.

Понекогаш, имам чувство дека овој тим има огромен потенцијал, а некогаш ме остава збунет, откако ќе му дозволиме на противникот да влезе во казнениот простор толку лесно, мораме да го пронајдеме вистинскиот баланс, но тоа не е воопшто лесно додаде искусниот италијански фудбалски стратег кој е под голем притисок на својата позиција.

Мораме подолго да ја чуваме топката во наш посед, постојат моменти кога додавањето помага во контролата на темпото, како и фактот што со самото тоа останувате на половината на противникот, ние понекогаш избрзуваме во обидите да дојдеме до гол по само неколку додавања, тоа креира ситуација кога мораме брзо да се вратиме од една на друга страна“ заклучи Сари.