24фудбал

Порто ја освои титулата, Касиљас прв пат после 14 месеци стапна на Драгао: Добивам желба повторно да бранам (ВИДЕО)

Порто синоќа ја завери шампионската титулa во Португалија, а за прв пат по 14 месеци на стадионот Драгао се појави и голманот Икер Касиљас.

Шпанија

Легендарниот шпански голман, по срцевиот удар кој го имаше, мораше да ја прекине кариерата, но синоќа се појави на теренот да ја прослави 29. титула во португалскиот шампионат за Порто.

„Немав стапнато на „Драгао“ 14 месеци. Возбуден сум поради ова. Добивам желба повторно да бранам. Но тоа колку зависи од мене, зависи и од докторите и од клубот“, вели Касиљас.