24фудбал

Кратко траеше авантурата во Катар, Манџукиќ се враќа во Серија А?

Информациите од Италија велат дека Марио Манџукиќ ќе се врати во Серија А, ќе потпише за Фиорентина како слободен играч.

Италија

Марио Манџукиќ беше член на Ал Духали од Катар, но постигна само еден гол на седум натпревари таму. Хрватот не се снајде во таа средина по што го раскина договорот со катарскиот клуб со взаемна согласност.

Неговото име се поврзуваше со Беневенто и Милан, но „СпортИталија“ тврди дека Манџукиќ ќе потпише за Фиорентина.

Виолетовите му понудиле двегодишен договор со плата од 3 милиони евра по сезона. Во договорот има и опција за продолжување на соработката за уште една сезона.

Манџукиќ четири сезони помина во Јувентус, но не му беше по мерак на Сари, па Хрватот мораше да го напушти клубот кога пристигна новиот стратег.