24фудбал

Дортмунд на оргинален начин го претстави новото засилување и најскапиот 17 годишен фудбалер во Европа (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд и официјално го промовираше Џуд Белингам како ново засилување, тинејџерот стави потпис на долгогодишен договор а според пишувањата на медиумите, трансферот е вреден 25 милиони фунти, плус бонуси.

Германија

17 годишниот Џуд Белингам важи за еден од најперспективните фудбалери од „островото“, интерес за него пројавија сите гиганти од Англија, но тој кариерата ќе ја продолжи во Бундеслигата.

Трансферот се најавуваше со недели, а утрово пристигна официјална потврда и тоа на оргинален начин. Фудбалерите на Борусија Дортмунд ја пееја песната „Хеј Џуд“ од Битлси за да го најават пристигнувањето на тинејџерот.

„Возбуден сум што потпишав за еден од најголемите клубови во Европа. Правецот во кој Борусија се движи и начинот на кој им помага на младите играчи да направат прогрес придонесе оваа одлука да биде лесна за мене и моето семејство. Не можам доволно да му се заблагодарам на Бирмингем за се што направи за мене, дел сум од овој клуб од седум години. Еднаш син, засекогаш син“ – порача Џуд Белингам.

Според пишувањата на Скај Спортс, Борусија Дортмунд за услугите на Џуд Белингам ќе плати 25 милиони фунти (околу 27,5 милиони евра), плус бонуси што е рекордна сума за тинејџер, па Англичанецот ќе стане најскапиот 17 годишен фудбалер во Европа.