24фудбал

Страшен тим, еве како ќе изгледа Челси доколку Лампард ги донесе четворицата играчи кои ги мерка (ФОТО)

Челси е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот, речиси секој ден има шпекулации за „сините“ и Френк Лампард може да скрои страшен тим доколку ги донесе играчите кои ги мерка.

Англија

Клубот од Стемфорд Бриџ на почетокот од годината го договори Хаким Зијеш, а минатиот месец го соопшти и трансферот на Тимо Вернер. Челси продолжува напорно да работи на трансфер пазарот и во следниот период можат да стигнат потврди за уште четири атрактивни имиња.

Се верува дека „сините“ се многу блиску до ангажман на Каи Хаверц од Баер Леверкузен, а на листата со желби се и Бен Чилвел од Лестер, Деклан Рајс од Вест Хем и Јан Облак од Алетико Мадрид.

Секако, зделките воопшто не се лесни, ќе требаат многу пари и продажба на играчи како Емерсон, Маркос Алонсо, Курт Зума, Андрес Кристенсен, Рос Баркли, Жоржињо, Миши Батшуаји и Кепа Аризабалага.

Но доколку Френк Лампард ги добие играчите кои ги мерка, стратегот следната сезона ќе има страшен стартен состав со Облак на голот, во одбраната ќе бидат Чилвел, Ридигер, Рајс и Азпиликета, со Хаверц, Канте и Маунт во средниот ред и офанзива составена од Пулишиќ, Зијеш и Вернер.