24фудбал

Пандев изнуди пенал и конечно се израдува на победа во дербито на Џенова, Јуве утре може да стане шампион (ВИДЕО)

Горан Пандев и Џенова со 1-2 триумфираа на градското дерби против Сампдорија и освоија важни три бода, Интер одигра 0-0 против Фиорентина па Јувентус утре може да стигне до ново Скудето.

Интервју

Горан Пандев синоќа изрази желба за прв пат да се радува на триумф над Сампдорија во градското дерби на Џенова и желбата му се исполни. Популарните „Ил Грифоне“ вечерва славеа со 1-2 и стигнаа до три важни бода во трката за опстанок.

Резултатот беше отворен во 22. минута од пенал кој го изнуди токму Горан Пандев. Кришито превзеде одговорност и погоди за 0-1.

Десет минути подоцна, Габијадини изедначи на 1-1 и навести возбудливо проодлжение на мечот.

Гостите повторно дојда во водство во 72. минута, Лерагер реализираше за 1-2 и голема радост на Џенова.

Интер разочара против Фиорентина, одигра само 0-0, па Јувентус утре со триумф на гостувањето кај Удинезе ќе има шанси да ја осигура титулата.

На останатите мечеви од 21:45 часот, Лече ја продолжи битката за опстанок откако со 3-1 ја совлада Бреша, Рома со убедливи 1-6 победи кај СПАЛ, а мечот помеѓу Торино и Верона заврши со 1-1.