24фудбал

Бомба од Италија, Меси купува куќа во Милано!?

Низ Италија кружи шпекулација која го поврзува Меси со трансфер во Интер, неговиот татко му бара куќа во Милано.

Италија

Шпекулацијата најпрво се појави на Радио Раи, потоа напиша Тутомеркатовеб, па се најде на првата страна на Газета дело Спорт.

Таткото на Меси, Хорхе, му бара куќа на својот син во Италија, поточно во Милано.

Ова повторно ги разгоре гласините кои и претходно периодично се појавуваа, дека Меси би можел да се пресели во Интер.

Сепак Скај Спорт тврди дека причината е друга. Таткото на Меси, Хорхе се сели во Милано чисто од финансиски причини со надеж дека ќе има корист од големи даночни олеснувања што ги предвидува законот од 2017 година за богатите странци кои доаѓаат во Италија.

Јасно е дека истиот тој закон би бил од голема корист и за Меси кој имаше недоразбирања со тренерот Кике Сетиен.