24фудбал

Хеликоптер ги собра Ибра и Џиџо од тренинг центарот на Милан и ги однесе на состанок со Рајола во Монте Карло (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ и Џиџо Донарума денеска имале средба со Мино Рајола во Монте Карло, тема на разговор биле новите договори на напаѓачот и голманот.

Италија

Сезоната во Серија А финишира па полека мислите се насочуват кон трансфер пазарот. Милан реши едно важно прашање, Стефано Пиоли останува на коримилото и доби нов договор до 2022 година.

Пред Иван Газидис, Паоло Малдини и Фредрик Масара сега се неколку жешки теми, иднината на Златан Ибрахимовиќ и Џиџо Донарума. Двајцата попладнево се качија во хеликоптер и летнаа за Монте Карло на средба со Мино Рајола.

И покрај тоа што напаѓачот во октомври ќе полни 39 години, Златан Ибрахимовиќ покажа дека се уште може да прави разлика на теренот, но и надвор од него. Формата на Милан значително се промени на подобро по неговото пристигнување во јануари.

Се верува дека Златан Ибрахимовиќ бара 6 милиони евра нето за уште една година во „црвено-црниот“ дрес, додека пак Милан е подготвен да му понуди 4 милиони евра.

Што се однесува до Џиџо Донарума, неговиот договор истекува во 2021 година, и Милан мора да го обнови или во спротивно ризикува следното лето голманот да замине без оштета.

Неговата плата (6 милиони евра) не е единствениот проблем, се споменува и откупна клазула која ќе се активира доколку не биде обезбеден настап во Лигата на шампионите.