24фудбал

Клоп: Не знам дали Сер Алекс Фергусон ја памети нашата прва средба... за мене беше како да сум го сретнал папата!

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп откри дека му се восхитува на Сер Алекс Фергусон и вели дека се уште ја памети првата средба со Шкотот, се чувствувал исто како да бил на доручек со папата.

Англија

Германецот синоќа го доби признанието за најдобар тренер во сезоната во изборот на неговите колеги откако го предводеше Ливерпул до прва титула во Премиерлигата по 30 години.

„Задоволен сум што го добив овој трофеј. Забележав дека многу големи имиња во историјата на Ливерпул го добиле ова признание. Бил Шанкли, Боб Пејсли, Џо Фаган, Кени Далглиш и секако Брендан Роџерс“ – вели Јирген Клоп.

Веста дека трофејот оваа сезона ќе заврши во рацете на Јирген Клоп ја соопшти Сер Алекс Фергусон, кој исто така откри интересна приказна и повик во 3:30 наутро.

„Знам дека не е соодветно тренер на Ливерпул да го каже ова, но јас му се восхитувам на Сер Алекс Фергусон. Тој е првиот британски тренер со кого се сретнав, бевме на доручек. Тоа беше многу одамна, не знам дали ја памети нашата прва средба, но јас никогаш нема да ја заборавам, тоа беше како да сум се сретнал со папата!“

„Средбата беше одлична, од прв момент бевме на иста бранова должина и тогаш ни на памет не ми паѓаше дека еден ден во моите раце ќе дрќам трофеј со неговото име“.

Стратегот потоа им се заблагодара на сите луѓе од неговиот персонал.

„Треба да кажам благодарам на многу луѓе. Знам како звучи, луѓето мислат дека мораме да се заблагодариме, но јас икрено го мислам тоа. Имам навистина специјална дружина на фудбалски мозоци. Задоволство ми е што работам со Пеп Лијндерс, Петер Кравиц, Џон Ачтерберг, Витор Матос и Џек Робинсон“.