24фудбал

Луис Суарез ќе игра за Дејвид Бекам, Интер Мајами му нуди богат договор?

Клубот на Дејвид Бекам, Интер Мајами му нуди богат четиригодишен договор на напаѓачот на Барселона, Луис Суарез.

Шпанија

Луис Суарез е трансфер цел број еден на Интер Мајами, клубот на Дејвид Бекам кој е нов член на МЛС.

Во Мајами доминира популацијата од Латинска Америка, па Дејвид Бекам смета дека Луис Суарез би можел да има масовно влијание за популаризација на клубот.

Иако има 33 години, Мајами на Суарез му нуди богат четиригодишен договор, што значи дека Уругваецот ќе заработува добро и на својата 37 година од животот.

Луис Суарез претходно изјави: „Никогаш не се знае, имам договор со Барселона, но МЛС е атрактивна лига. САД е убава опција“.

Тој има договор со Барселона до 2021 но ако одигра 60% од натпреварите во следната сезона неговиот договор автоматски ќе биде продолжен до 2022.