24фудбал

Бундеслигаш заинтересиран за Стефан Ристовски

Десниот бек на македонската репрезентација и Спортинг Лисабон, Стефан Ристовски е мета на германскиот клуб Волфсбург кој подготвува понуда за неговите услуги.

Македонија

Волфсбург бара решение за десната бековска позиција и на нивната листа со желби се нашол токму Стефан Ристовски.

Германскиот клуб подготвил и понуда, се шпекулира дека тие нудат четири милиони евра. Засега нејасно е дали оваа понуда е прифатлива за Спортинг Лисабон или португалскиот клуб ќе бара повисока сума.