24фудбал

Осогово им прави фото сесија на фудбалерите како да се во Премиерлига (ВИДЕО)

Фудбалскиот клуб Осогово веќе подолго време отскокнува од останатите македонски клубови по промоцијата на социјалните мрежи, овој пат од кочанскиот клуб имаме нешто друго.

Македонија

Фудбалерите на Осогово иако играат во Втората македонска лига, за миг може да се почувствуваат дека настапуваат за некој голем европски клуб.

Денеска клубот на играчите им правеше професионална фото сесија, а на својот инстаграм профил напиша: „Кога втора лига си ја негуваме како Премиерлига“.