24фудбал

Милан и Ибра седнуваат на маса, ќе преговараат за плата од 4 милиони евра и бонуси за сè и сешто

Златан Ибрахимовиќ одлучил да остане на Сан Сиро па наскоро ќе седне на маса со раководството на Милан да ги испеглаат деталите за новата соработка и договорот.

Италија

Швеѓанецот пристигна во Милан на почетокот од годината и имаше огромно влијание врз составот. За неговата иднина имаше најразлични шпекулации, а според пишувањата на Газета дело Спорт, Златан Ибрахимовиќ решил да остане на Сан Сиро.

Па тој сега ќе седне на маса со раководството на „росонерите“ да ги испеглаат деталите за новата соработка и договорот.

ГДС пренесува дека Златан Ибрахимовиќ ќе има почетна плата од 4 милиони евра, која ќе се зголеми со серија бонуси кои ќе бидат поврзани со бројот на одиграни натпревари, бројот на постигнати голови, партиите на Милан во Лига Европа како и евентуален пласман во Лигата на шампиони за сезоната 2021/22.