24фудбал

На повидок договор? Дортмунд прифатил да го продаде Санчо на Манчестер јунајтед за 60 милиони, но под еден услов

Борусија Дортмунд и Манчестер јунајтед пронашле компромис за трансферот на Џејдон Санчо, Англичанецот ќе може да се пресели на Олд Трафорд за 60 милиони фунти, како и додатни 40 милиони фунти во лесно остварливи бонуси.

Англија

Се верува дека Џејдон Санчо е на врвот на листата со желби на Оле Гунар Солшер, па речиси секој ден има шпекулации за иднината на младиот Англичанец.

На почетокот од оваа недела се пишуваше дека Борусија Дортмунд одбила понуда вредна 89 милиони фунти (околу 98 милиони евра), но потоа се појавија стории кои велеа дека се уште не е доставен конкретен предлог.

Исто така се говори дека „црно-жолтите“ бараат околу 108 милиони фунти (односно 120 милиони евра) и поставиле рок зделката да се реализира до 10. август.

Според пишувањата на Индипендент, двата клуба пронашле компромис и трансферот е блиску до реализирање.

Весникот пренесе дека од таборот на Борусија Дортмунд прифатиле да го продадат Џејдон Санчо за почетни 60 милиони фунти (околу 66 милиони евра) со услов трансферот да скокне до 100 милиони фунти (110 милиони евра) со лесно остварливи бонуси и на тој начин приближно да се стигне до сумата која ја барат „милионерите“.