24фудбал

Јувентус за 80 милиони евра од Премиерлигата ја носи замената за Игуаин?!

Според пишувањата на АС, Јувентус успеал да се најде на средина со Вулверхемптон и многу е блиску до договор за трансфер на Раул Хименез вреден 80 милиони евра.

Италија

„Старта дама“ е во потрага на нов напаѓач и замена за Гонзало Игуаин, а на листата со желби има три имиња: Аркадиуш Милик од Наполи, Раул Хименез од Вулверхемптон и Дуван Запата од Аталанта.

Медиумите од Италија пишуваат дека Јувентус начелно се има договорено со Аркадиуш Милик, но не може да пронајде заеднички јазик со Наполи за висината на обесштетувањето, клубот од Сан Паоло бара 50 милиони евра.

Шпански АС пак пишува за трансфер на Раул Хименез во Торино, Јувентус и Вулверхемптон успеале да се најдат на средина. „Волците“ ги намалиле барањата од првичните 100 милиони евра, „старта дама“ ја зголемила првичната понуда од 50 милиони, и се очекува да биде постигнат договор за зделка од 80 милиони евра.

Интересно е тоа што медиумите од Португалија неколку часа претходно пренесоа дека Раул Хименез е на добар пат да се пресели во Манчестер јунајтед. Ова беше објавено како дел од веста дека Вулверхемптон за 30 милиони евра го купува Паулињо од Брага, кој треба да биде замена за Мексиканецот.