24фудбал

Пелегрини го напушта Бетис по само три недели, добил понуда од Кина која не се одбива

Авантурата на Мануел Пелегрини во Бетис уште не почната, може да заврши, стратегот добил огромна понуда од Кина па сериозно размислува да замине по само три недели.

Шпанија

На 9. јули, Мануел Пелегрини потпиша за Бетис и се обврза на три години. Стратегот требаше да го врати клубот на прав пат по разочарувачката сезона, но неговата авангура на Бенито Виљамарин, уште не почната, може да заврши.

Mедиумите од Шпанија пренесуваат дека Чилеанецот има богат предлог од Кина.

Конкретни суми не се откриваат, само се пишува дека понудата е огромна и не се одбива, па затоа стратегот размислува да си ги спакува куферите и да замине по само три недели.

Од таборот на Бетис се свесни дека можат да останат без Мануел Пелегрини па веќе го идентификувале Жорди Кројф како негов наследник.