24фудбал

Интер во преговори со Тотнем, Конте го бара рекордното засилување на „спарси“ кое се скара со Мурињо

Медиумите од Италија и Англија пренесуваат дека Интер отворил преговори со Тотнем, „нероаѕурите“ сакаат да го купат Танги Ндомбеле и го нудат Милан Шкрињар како дел од зделката.

Италија

Танги Ндомбеле минатото лето беше купен а 60+10 милиони евра, стана најскапо засилување во историјата на Тотнем, но не се снајде најдобро во Лондон и има разочарувачка сезона, па дури успеа и да се скара со Жозе Мурињо.

Сепак, неколку клубови се подготвени да го ангажираат и да му дадат шанса да покаже зошто „спарси“ одвоија толкава сума. Медиумите од Италија и Англија пренесуват дека Интер отворил преговори за трансфер.

Тотнем е подготвен да се раздели со Французинот за 50 милиони евра, но „нероаѕурите“ немаат намера да платат толку пари. Се шпекулира дека дефанзивецот Милан Шкрињар може да биде понуден во трампа, а се споменува и името на Иван Перишиќ.