24фудбал

Трабзонспор ги нема парите на Манчестер Сити, доби казна од УЕФА и нема да игра во Европа

Уште една потврда за двојниот аршин на УЕФА, големите и богатите клубови поминуваат речиси неказнето додека такви помилувања нема за помалите, Трабозонспор нема да игра во Европа.

Лига на Шампиони

Трабзонспор доби суспензија од УЕФА поради прекршување на финансискиот фер-плеј. Турскиот клуб се жалеше во судот за Спортска Арбитража во Лозана како што тоа го направи и Манчестер Сити, но за разлика од случајот на англискиот клуб, овој пат беше потврдена одлуката на УЕФА.

Трабзонспор е казнет и нема да игра во Лигата на шампионите за која избори пласман.

Тие се суспендирани затоа што не ја исполнија спогодбата со УЕФА од 2016 година и повторно го прекршија финансискиот фер-плеј.

На нивно место во квалификациите од Лигата на шампионите ќе игра Бешикташ кој се интересираше за Адис Јаховиќ, па можно е да имаме уште еден наш фудбалер во најголемото натпреварување.