24фудбал

Големиот италијански талент, Сандро Тонали потпишува за Интер

Интер и Бреша постигнале договор за трансфер на Сандро Тонали кој во текот на следната недела треба да го потпише договорот со миланскиот клуб.

Италија

„Кориере ди Бреша“ информира дека двата клуба постигнале договор за позајмица со обврска играчот да биде комплетно купен во 2021 година за вкупна сума од 35 милиони евра.

Првичната плата на Тонали со Интер ќе биде 2,5 милиони евра годишно, а договорот ќе му биде со траење до јуни 2024 година. Во понеделник треба да пристигне во Милано за да ги среди сите формалности и да го потпише договорот.

20-годишниот Тонали важи за еден од најголемите италијански таленти во моментов, го нарекуваат новиот Пирло. За него интерес имаше од повеќе големи клубови вклучувајќи го и Јувентус.